Германската компанија „Volkswagen“ ќе се подели на четири холдинг-компании, соопштува „Reuters“, цитирајќи го „Handelsblatt“.
Се наведува дека корпоративната структура на „Volkswagen“ ќе биде реструктуирана во децентрализиран систем со четири холдинг-компании. Во моментов од „Volkswagen“ не ја коментираат информацијата, но се тврди дека една од компаниите ќе биде предводена од поранешниот менаџер на „BMW“, Херберт Диeс.
Самиот Диeс сподели пред „Handelsblatt“ дека ќе преземе холдинг, во кој ќе бидат марките „VW“, „Skoda“ и „Seat“. Главната цел на менаџерот ќе биде да започне големата реформа во германските фабрики на компанијата, а причината за тоа е намалување на нивните високи трошоци.
„Audi“, „Lamborghini“ и „Ducati“ исто така ќе бидат одвоени во холдинг, како и „MAN“, „Scania“ и лесните машини на „VW“.
Во четвртото друштво ќе бидат марките „Porsche“, „Bugatti“ и „Bentley“, тврди германското издание.