6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube стартува интернет страна за гејмери

YouTube стартува интернет страна за гејмери

yt na

Онлајн видео сервисот „YouTube“ соопшти дека има во план да стартува одвоена апликација и интернет страна за љубителите на видео игри – „YouTube Gaming“.

„YouTube Gaming“ ќе има база со листа на интернет страни од 25.000 видео игри, прецизираше оваа компанија.

Страната би требало да им олесни на корисниците да емитуваат во живо играње на игри без претходно закажување на термини, и со отворање на посебни линкови кои ќе можат да ги споделуваат со други корисници.

Како што е најавено, „YouTube Gaming“ би требало да стартува во текот на летото во САД и Британија.

„YouTube“ со овој проект ќе биде директна конкуренција на „Twich“, гејмерски видео сајт, кој минатата година го купи „Amazon“ за скоро милијарда долари. „Twich“ има околу 100 милиони корисници кои месечно гледаат околу 1.5 милиони емитување на играње игри во живо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП