24 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВодовод со три нови проекти за подобри услуги за граѓаните

Водовод со три нови проекти за подобри услуги за граѓаните

Image (72)

ЈП Водовод и канализација-Скопје во петок промовираше три нови проекти, ’мој инкасатор’, ’плати брзо’ и ’доставување на состојба на водомер’.

Со проектот Мој инкасатор граѓаните сами можат да го одберат инкасаторот што ќе сакаат да им го прочита водомерот. Се работи за систем кој е интегриран на веб страницата на Водовод и преку кој граѓаните можат веднаш од својот дом да повикаат инкасатор. Инкасаторите ќе бидат запишани со име и презиме. Услугата ќе биде бесплатна. Овој проект произлезе по поплаките на корисниците дека се случува инкасаторот подолго време да не го прочита водомерот, бидејќи не биле дома корисниците, не стигнал инкасаторот итн., по што пристигаат големи сметки наеднаш.

Проектот ’Плати брзо’ опфаќа поставување на 12 терминали за плаќање на сметки, кои се поставени на локации низ целиот град, а од претпријатието најавуваат дека во блиска иднина планираат поставување на вкупно 30 терминали. Со овие терминали граѓаните повеќе нема има потреба да одат до наплатните пунктови за да ја платат својата сметка и да чекаат ред, туку ќе можат истата да ја подмират на локацијата која им е најблиска.

И опцијата ’Доставување на состојба на водомер’ се наоѓа на веб страницата на Водовод, при што со користење на формата и пополнување со најосновните податоци, дописот може да го поткрепат со фотографија (од бројачот на водомерот). Со овој проект се олеснува работата и на инкасаторите и на корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП