17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК започнува антимонополска истрага против Amazon

ЕК започнува антимонополска истрага против Amazon

amazon fulll

Европската комисија започна антимонополска истрага против американската онлајн продавница за малопродажба „Amazon“.

ЕК особено ќе испита некои елементи кои се вклучени во договорите на „Amazon“ со издавачите, кои можат да ја попречат конкурентноста на други онлајн трговците на мало. Претходно оваа година американскиот весник „Волстрит Журнал“ објави дека ЕК се сомнева во „Amazon“ за добивањето на незаконска помош во Луксембург. Според весникот, Европската комисија излезе со одлука дека даночните стимулации обезбедени од Луксембург на трговско друштво, го нарушуваат правото на ЕУ.

Тужбата за повреда на даночните правила започна во 2003-та година, кога антимонополската регулаторна комисија на ЕУ ја осомничи подружницата „Amazon EU Sarl“ за плаќање на даноци преку трансферните цени. Шемата овозможува прераспределување на вкупна добивка од лица во корист на други лица кои се во држави со пониски даноци.

На овој начин се оданочува добивка на подружницата која е намалена, затоа што доделила економска предност на компанијата „мајка“ – „Amazon“. Тогаш Министерството за финансии на Луксембург негираше дека онлајн трговецот ужива посебен даночен режим.

Регулаторот на ЕУ уште ги истражува и компаниите „Applе“, „Starbucks“ и „Fiat“. Фирмите се исто така осомничени за добивање на големи даночни олеснувања во Ирска, Холандија и Луксембург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП