20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолт пред банкрот

Колт пред банкрот

kolt made

Прочуениот американски производител на пиштоли „Колт“ (Colt) наскоро може да банкротира, доколку акционерите и сопствениците на обврзниците не постигнат договор како да се надминат финансиските проблеми на компанијата.

Продажбата на пиштолите и пушките на „Колт“ во текот на 2014 година паднала за 30 отсто, па сметките на компанијата се празнат. Поради тоа, „Колт“ во мај не можеше да исплати 11 милиони американски долари доспеани по обврзниците на сопствениците, на коишто им должи вкупно околу 250 милиони долари.

Во вакви тешки ситуации, компаниите вообичаено сопствеништвото им го препуштаат на кредиторите, заменувајќи ги долговите за сопственичкиот удел, а тоа често се хеџ фондови кои ги купуваат обврзниците на компаниите за да ги преземат.

Меѓутоа, во „Колт“ проценуваат дека во 2015 и 2016 година приходите ќе им пораснат за 24 отсто, а неговиот сопственик-инвестицискиот фонд „Sciens Management“ има намера да ја задржи сопственоста, дури и доколку сопствениците на обврзниците претрпат големи загуби.

Компанијата „Colt Defense“, некогаш главен добавувач на оружја за американската армија, предлага издавање нови акции во износ од 450 долари за секоја досега издадена обврзница во вредност од 1.000 долари, што претставува дисконт од 55 отсто. Доколку сопствениците на обврзниците до крајот на оваа седмица не ја прифатат оваа понуда, на „Колт“ му се заканува банкрот.

Во тој случај, како што порачуваат од компанијата, таа ќе биде во стечај и ќе го продава имотот, а голема е можноста дека со тоа нема да успее да ги покрие 105-те милиони долари осигурени долгови, што значи дека сопствениците на обврзниците нема да добијат ништо.

„Colt’s Manufacturing Company“ во 1855 година ја основал Семјуел Колт, а оваа компанија долг период доминираше на американскиот пазар како по производството, така и по иновативноста, особено од половината на XIX век до Првата светска војна. Проблемите на компанијата се интензивираа кон крајот на минатиот век и траат до денес поради зголемената конкуренција и, како што се жалат од неа, поради кампањата за не купување оружје во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП