20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го модернизира Phaeton (фото)

Volkswagen го модернизира Phaeton (фото)

k phaeton

„Volkswagen Phaeton“ ќе добие последователна модернизирана верзија, која ќе се продава во Кина, најголемиот пазар за луксузниот модел.

Веста доаѓа само неколку дена откако производителот најави дека ја запира постепено продажбата на моделот, бидејќи моторите не ги исполнуваат еколошките норми. Во Кина сепак, каде слични ограничувања засега нема, луксузниот седан е многу баран.

k phaeton1

Самата модернизација не е особено голема. Промени се забележуваат кај фаровите, браникот и решетката на ладилникот. Редизајнираниот „Phaeton“ демонстрира исто така поголема количина хромирани елементи, електрични ретровизори со греење и задната светлосна група со LED технологија.

Во кабината е ставен аудио систем „DYNAUDIO Temptation“, 12-канален дигитален засилувач и систем за забава со два 10,2-инчни монитори на задните седишта, а дополнителен впечаток оставаат и елементи од природно дрво.

k phaeton2

Наменет за Кина, „Volkswagen Phaeton“ нуди избор од три бензински мотори. Основниот е 3,0-литарски „V6 FSI“ со 250 КС, а над него е позициониран 3,6-литарски „V6 FSI“ со 280 КС. Најмоќната единица е 4,2-литарски „V8“ мотор со 335 КС. Сите верзии се опремени со погон „4MOTION“ и автоматски менувач со двојно квачило.

Во „Volkswagen“ веќе ја подготвуваат новата генерација на моделот. Таа треба да се појави во 2017-та година, а во моментот се знае дека биде изграден во стилот на концептот „C Coupe GTE“.

k phaeton3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП