3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапира продажбата на Phaeton

Запира продажбата на Phaeton

panteon

Компанијата „Volkswagen“ постепено ќе ја запира продажбата на седанот „Phaeton“ на различни пазари во целиот свет. Понудата на моделот во САД веќе беше прекината, а сега истото се случува и во Велика Британија, објави „Autocar“.

Официјалната причина за запирање на продажбата на Островот е неусогласеноста на неговите мотори, најчесто на 3.0-литарскиот „V6 TDI“, со новиот еколошки стандард Euro-6. Истото „Volkswagen“ веќе направи и со две модификации на „Touareg“ – „V8 TDI“ и „Hybrid“.

Во компанијата се убедени дека нема смисла да приспособуваат нови мотори кон застарена предводник на брендот, откако во 2017-та година се очекува на пазарот да се појави негов наследник.

panteon1

Тој ќе биде изграден во стилот на концептот „C Coupe GTE“ (на втората слика) прикажан на саемот во Шангај, оваа година.

За новиот модел се знае дека ќе добие поинаков дизајн на предниот дел во споредба со концептуална верзија. Во палетата мотори ќе бидат вклучени 4-цилиндричен бензински и дизел мотори, но ќе има и „V6“ агрегати. Се очекува и хибридна модификација. Нема сепак да има верзија со „W12“ мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП