10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVodafone ја разгледува можноста за евентуално спојување со Liberty Global

Vodafone ја разгледува можноста за евентуално спојување со Liberty Global

liberty vodafon

„Vodafone Group Plc“ и „Liberty Global Plc“ разговараат за голем број потенцијални трансакции, вклучувајќи комплетно спојување, во позадина на здруженијата во телекомуникациската индустрија, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на запознаени извори.

Разговорите се неофицијални и се во рана фаза, а до договор може и да не дојде поради комплексноста на предложените трансакции и регулаторните грижи, тврдат изворите. Проблеми за менаџментот, вклучувајќи избор на гувернер на комбинираната компанија и улогата на милијардерот и претседател на „Liberty Global“, Џон Мелоун, исто го попречуваат процесот.

Другите дискутирани можности вклучуваат обединување на европските бизниси на компаниите, како и серија на размената на средства. Спојувањето на двата оператори би било една од најголемите зделки некогаш врз основа на вредноста на компаниите. Во моментов вредноста на „Liberty Global“ е околу 89 милијарди долари, а на „Vodafone“ – 140 милијарди долари. Засега претставници на двете компании одбиваат коментар.

Цената на акциите на „Vodafone“ во почетокот на тргувањето на лондонската берза забележаа раст од 2,1% до 253,35 пени за готово, додека оние на „Liberty Global“ се покачија за 6,2% во задоцнетото тргување во САД во четвртокот.

Соочени со растечкиот притисок за одржување на растот на профитот, телефонските компании користат зделки за превземања за да се прошират, додека сеуште има можности за поевтино финансирање. „Liberty Global“ е најголемата кабелска компанија во светот и може да ги прошири своите производи преку безжични средства и да понуди пакети кои вклучуваат четири основни услуги – телевизија, фиксна телефонија, широкопојасен интернет и безжична врска.

Европските телекомуникациски компании брзо се здружуваат за да го зголемат обемот и предлозите кон клиентите, а причината за тоа е сериозната конкуренција која ги намалува цените и профитните маржи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП