24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIKEA започнува со онлајн продажба

IKEA започнува со онлајн продажба

ikea

Најголемиот светски производител на мебел и опрема за станбен простор, „IKEA“, ќе ја прошири онлајн продажбата со домашна испорака во сите земји во кои се застапени нeјзините производи, соопштиja од оваа компанија.

Повеќето национални интернет сајтови на шведската компанија досега даваа само податоци за моменталната состојба на залихи во продавниците, а клиентите беа принудени на купување исклучиво во продажните места.

Во земјите во кои беше можнo онјалн купување, како што се Шведска, Франција или Канада, домашната испорака не беше можна, пренесува канадскиот весник Прес.

„За неколку години ќе воведеме онлајн продажба на сите пазари на кои сме присутни за да ја подобриме понудата и да им се приближиме на модерните купувачи“, се наведува во соопштението.

„IKEA“ во текот на фискалната 2013-14 година, завршена на крајот на минатиот август, оствари приход од 29,3 милијарди евра, а нето профит од 3,3 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП