20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Рамстор дели петки“ на 10 јуни – богата програма по повод завршување...

„Рамстор дели петки“ на 10 јуни – богата програма по повод завршување на школската година

ramstore-sk222

Под слоганот „Рамстор дели петки“, трговскиот центар Рамстор Мол организира многу поволности за учениците: за секоја сметка од над 500 денари направена во трговскиот на 10 јуни, во периодот од 12 до 17 часот, учениците ќе добијат право на подарок преку игра со тркало на среќни петки.

Најмладите ученици пак, ќе добијат можност да бидат нацртани со уникатни петки. Во текот на целиот ден ќе има големи попусти на детските колекции.

Централен настан ќе биде концертот во живо на Елена Ристеска, заедно со нејзиниот бенд Троја, кој ќе започне во 13.00 часот. По завршувањето на концертот, обожавателите на Елена ќе имаат можност за дружење и фотографирање со неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП