6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIKEA планира да инвестира 1 милијарда евра во борбата против климатските промени

IKEA планира да инвестира 1 милијарда евра во борбата против климатските промени

ikea-store

Најголемиот трговец на мебел во светот „IKEA“ има намера да инвестира 1 милијарда евра во обновлива енергија и различни начини да им се помогне на посиромашните нации во борбата против климатските промени, пренесува „Ројтерс“.

Шведската компанија планира да додаде речиси 600 милиони евра кон веќе инвестираните 1,5 милијарди евра за енергија, произведена од ветрот и сонцето.

Главниот извршен директор на компанијата Питер Агнефјал ја одредува оваа инвестиција како профитабилна за сите заинтересирани страни.

„Од неа корист ќе имаат корисниците, климата, а исто така и „„IKEA“, изјави тој за „Ројтерс“.

„IKEA Fondation“, добротворната организација од групацијата „IKEA“, ќе инвестира 400 милиони евра за поддршка на семејства и заедници кои се изложени на ризик од природни катастрофи, како поплави, суши и друго.

Според Агнефјал овие инвестиции се во склад со целта компанијата да има позитивно влијание врз планетата и луѓето.

Високи функционери од речиси 200 држави ќе се состанат во германскиот град Бон, за да се подготват за самитот за климата во Париз, кој ќе се одржи на крајот на оваа година. Се очекува во француската престолнина владите да се договорат за активности со кои ќе се забави глобалното затоплување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП