2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP официјално ќе се подели на 1-ви ноември

HP официјално ќе се подели на 1-ви ноември

hp mp

Главниот извршен директор на „Hewlett-Packard“, Мег Витман најави дека поделбата на компанијата на „HP Inc.“ и „Hewlett-Packard Enterprice“ ќе стапи во сила на 1-ви ноември, пренесува „Ројтерс“.

Витман ја објави веста на 2-ри јуни за време на технолошкиот настан на компанијата „HP Discover 2015“, што се одржа во Лас Вегас.

Во октомври вториот светски производител на персонални компјутери откри дека ќе се раздели на две јавни претпријатија. Донесена е одлука компанијата да го подели својот бизнис со компјутери и печатари од брзорастечкиот бизнис со софтвер, сервери и мрежна опрема.

Поделбата ќе чини милијарди долари, но се очекува тоа да доведе до постигнување на заштеди на трошоците во износ од околу 1 милијарда долари годишно, открија порано од „Hewlett-Packard“.

Компанијата тврди дека ќе потроши вкупно 1,8 милијарди долари за планираното реструктуирање. Таа ќе плати околу 950 милиони долари во форма на даноци, за да ја оствари поделбата.

Во второто фискално тримесечје, што заврши на крајот на април оваа година, приходите на „Hewlett-Packard“ забележаа пад од 7 отсто на годишна основа и достигна 25,5 милијарди долари. Компанијата објави дека нејзиниот профит за периодот е 87 центи по акција, што ги надмина очекувањата на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП