21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSikorsky ќе го намалува бројот на вработени

Sikorsky ќе го намалува бројот на вработени

sirkoski 22

„Sikorsky Aircraft“ најави дека ќе отпушти 1.400 работници во текот на следната година, откако американскиот производител на хеликоптери се соочува со помала побарувачка на работници за нафтени платформи во морето, објави „CNBC“.

Во вторникот подружницата на „United Technologies“, базирана во Стратфорд, Конектикат, објави дека „намалувањата на цените на нафтата“, доведе до значителен пад на капитални инвестиции на нафтените компании за истражување на нафта на наоѓалишта во морето и се одразува на „Sikorsky“, намалувајќи ги производствените нивоа. Покрај тоа, побарувачката за „одредени меѓународни воени производи“, исто е послаба.

Намалувањето на работни места поврзани со производството, влијае на објектите во Конектикат, Пенсилванија и Полска. „Sikorsky“ има намера да ги консолидира производните количини и да прекине со работата во Бриџпорт.

Отпуштањата ќе опфатат околу 9,2% од работната сила на компанијата, која е еднаква на околу 15.200 луѓе.

Портпаролот Пол Џексон изјави дека отпуштањата не се поврзани со одлуката на „United Technologies“ да ги испита можностите за продажба, одделување или подлиценцирање на „Sikorsky“. Се очекува одлуката за иднината на компанијата да биде објавена во следниот месец.

„Sikorsky“ објави дека нејзината продажба во 2014-та година изнесуваат речиси 7,5 милијарди долари, земајќи ги во предвид 19% раст во споредба со 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП