11 мај, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung ќе ги претстави најтенките таблети во светот

Samsung ќе ги претстави најтенките таблети во светот

tenki sams

Се проширија гласини дека „Samsung“ наскоро ќе претстави нови таблети од највисока класа со оперативен систем „Android“, кои се очекува да се најтенките во светот.

Тие ќе бидат наследници на минатогодишните модели „Galaxy Tab S 8.4“ и „Galaxy Tab S 10.5“. Новите таблети се очекува да се „Galaxy Tab S2 8.0“ и „Galaxy Tab S2 9.7“.

Двата модели се одобрени денес од кинескиот телекомуникациски регулатор (новите електронски производи и модели кои излегуваат во Кина, бараат претходно одобрување од регулаторите, тоа е и основниот начин за протекување информации за нови производи од водечките производители).

tenki sams1

Моделот „Galaxy Tab S2 8.0“ е со 8-инчен „AMOLED“ дисплеј со резолуција од 1536 x 2048 пиксели и сооднос 4:3. Тој е со тежина од 260 грама и мерки 198.2 x 134.5 x 5.4 mm. Со дебелина од само 5.4 милиметри, овој уред би бил најтенкиот таблет во светот во моментов. Моделот е со оперативен систем „Android Lollipop“ и користи осумјадрен процесор со фреквенција од 1.9 GHz (најверојатно со сопствениот процесор на „Sasmsung“ – „Exynos 7420“). Другите карактеристики вклучуваат 3 GB RAM меморија и 8 мегапикселна задна камера. Внатрешната меморија ќе започнува од 16 GB, а ќе може да се прошири со картичка.

Моделот „Galaxy Tab S2 9.7“ исто така ќе има дебелина од само 5,4 милиметри, а дисплејот ќе е со големина од 9.7 инчи. Тој исто така ќе има резолуција од 1536 x 2048 пиксели и 264 точки по инч. Ќе има внатрешна меморија од 32 GB и повторно 8-мегапикселна задна камера. Процесорот се очекува исто така да е „Exynos 7420“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП