28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова ера: Alibaba ја освојува Русија

Нова ера: Alibaba ја освојува Русија

ali ami

Кинеската интернет компанија „Alibaba“ регистрирала претставиштво во Русија, објави весникот „Комерсант“.

Директорот за развој на бизнисот „АлиЕкспрес“ во Русија и Заедницата на независни држави, Марк Завадски потврди дека компанијата е регистрирана на 15-ти мај. Тој додаде дека е поставен и за генерален директор на „Alibaba.com“ (RU), но и дека останува на досегашната функција.

Групацијата „Alibaba“ ја основала новата комапнија во Русија со цел за натамошно проширување на бизнисот и поддршка на партнерите, како и олеснување во соработката со државните органи на Русија, вели Завадски.

Интернет продавницата „АлиЕкспрес“ која е во сопственост на „Alibaba“ е најпопуларната онлајн продавница во Русија со 15.6 милиони купувачи месечно, што е неколку пати повеќе од бројот на купувачи од Русија кои ги имаат „eBay“ и „Amazon“.

Во есента 2014-та година, „Alibaba“ ја спроведе најголемата во историјата иницијална јавна понуда (IPO) со која привлече речиси 25 милијарди долари. Капитализацијата на „Alibaba“ на 1-ви јуни изнесуваше 222.9 милијарди долари.

„Alibaba“ е основана во 1999-та година и е специјализирана за интернет трговија, како и создавање на платформи и технологии за електронско тргување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП