15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMalaysia Airlines во технички банкрот

Malaysia Airlines во технички банкрот

Poor Weather Conditions Delays Search For Malaysia Airlines Flight MH370

Новоименуваниот директор на компанијата „Malaysia Airlines“ Кристоф Милер изјави денес дека овој авипревозник е во технички банкрот и го објави планот за реструктуирање, кој опфаќа намалување на бројот на вработените за една третина.

„Ние сме во технички банкрот. Падот на работењето започна далеку пред трагичните случувања во 2014 година“соопшти Милер на конференцијата за новинарите.

Компанијата веќе беше во финансиски тешкотии, а минатата година загуби два патнички авиони во одделни катастрофи. Едниот исчезна, како што се претпоставува, во Индискиот океан, а другиот беше соборен при лет над Украина.

Ова беше првото обраќање на Милер од кога минатиот месец беше именуван за директор на компанијата со задача да го предводи процесот на реструктуирање.

Компанијата денес го потврди претходно објавениот план за намалување на бројот на вработени за 6.000, на 14.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП