19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba почна полека да се издига по неодамнешните проблеми

Toshiba почна полека да се издига по неодамнешните проблеми

Toshiba1999

Акциите на „Toshiba Corp.“ достигнаа највисоко ниво во последните три недели, откако компанијата доби одобрение да го одложи објавувањето на финансиските резултати и да избере нов датум за годишната средба на акционери – чекори кои можат да станат причина за нејзиното отстранување од берзата, пишува „Bloomberg“.

Цената на акциите на „Toshiba“ се зголеми за 3,3% до 450 јени во Токио. Ова е највисоко нејзино ниво од 8-и мај, кога компанијата ги повлече своите предвидувања за резултатите.

Претседателот Хиса Танака ќе врати 50% од платата, објавија од компанијата. Освен тоа „Toshiba“ ја поништи распределбата на дивиденда кон крајот на годината.

„„Toshiba“ се обидува да избега од отпишувањето од берзата“, посочува Цуненори Охмаки, аналитичар на „Tachibana Securities“ во Токио.

Компаниите можат да бидат отстранети од берзата поради неисполнување на обврските за поднесување навреме на финансиските резултати или за поставување на „неоправдани ограничувања“ врз правата на акционерите, посочуваат од „Japan Exchane Group“ на својата интернет страна.

„Toshiba“ порано предвиде дека нејзината оперативна добивка во фискалната година која заврши во март, ќе достигне 330 милијарди јени или 6,7 илјади милијарди јени продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП