19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMediaTek започнува со вработување на 2000 нови работници

MediaTek започнува со вработување на 2000 нови работници

mediatek

Според пишувањето на интернет страната „DigiTimes“, „MediaTek“ наскоро ќе стартува со процес за вработување на околу две илјади нови работници, кој ќе биде спроведен во текот на оваа година.

Овој кинески производител на чипови има околу 27 различни центри за истражување и развој кои се сместени во целиот свет. Според податоците кои пристигнуваат од „MediaTek“, до крајот на оваа година бројот на работници во овие центри ќе ја достигне, но и ќе ја надмине бројката од 14.000 вработени.

„IC Insights“, една од водечките компании за анализа на пазарите на полупроводници, ја смести „MediaTek“ на десетото место на листата на најголеми светски производители на полупроводници во првиот квартал од 2015-та година.

Во текот на 2014-та година, „MediaTek“ оствари рекордна продажба од 6,68 милијарди долари, најмногу поради големата побарувачка на чипови за паметните телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП