Американскиот банкарски гигант „JP Morgan Chase“ ќе врачи 5.000 откази до 2016 година во рамките на програмата за намалување на трошоците со цел заштеда на пет милијарди долари до крајот на 2017 година.
Отказите ќе бидат поделени во сите четири клучни сектори на банката, корпоративниот, инвестицискиот, потрошувачкиот и социјалниот, а целта е вкупната работна сила, која на крајот на 2014 година изнесуваше 241.145 лица, да се намали за два проценти, наведува изворот.
„JP Morgan Chase“ минатата година укина речиси 8.000 работни места, главно во хипотекарниот сектор. Банката оваа година планира да ги намали трошоците на 57 од 58,4 милијарди од 2014 година, а до 2016 година ќе затвори 300 од вкупно 5,570 филијали, со истоврмено поттикнување на инвестициите во онлајн банкарството и дигиталната технологија.