8 јули, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го претстави Galaxy S6 Еdge Iron Man Limited Edition (фото+видео)

Samsung го претстави Galaxy S6 Еdge Iron Man Limited Edition (фото+видео)

iron man sams00

„Samsung Electronics“ пушти лимитирана серија на телефонот „Galaxy S6 Edge“ со „Железниот човек“. Ова е уште еден обид на компанијата да ги промовира своите смартфони со закривен екран, пишува „CNBC“.

64-гигабајтниот уред располага со панел во црвена и златна боја, а вклучува и слика на „Железниот човек“. Телефонот има и безжичен полнач.

iron man sams1

„Лимитираната серија „Iron Man Galaxy S6 Edge“ ја отелотворува силата на познатиот „одмаздник“ со модерниот дизајн и напредните функции, кои ќе им обезбедат на симпатизерите на „Marvel“ страшно искуство“, тврди Јангхи Ли, извршен потпретседател на единицата на „Samsung Electronic“ за маркетинг, информациони и мобилни технологии.

Телефонот денеска ќе биде пуштен во Кореја, а во јуни ќе се појави во Кина и Хонг Конг.

iron man sams3

Бизнисот со смартфони на „Samsung“ се бори со жестоката конкуренција од страна на „Apple“ и најевтините кинески уреди, па поради тоа, таа се надева дека „Iron Man Galaxy S6 Edge“ ќе помогне да се создаде интерес за нејзините интересни предлози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар