
Создадовме уникатен простор за уживање на вистинските гурмани, и место каде се негува македонската традиција


Создадовме уникатен простор за уживање на вистинските гурмани, и место каде се негува македонската традиција
Инспирацијата е пред се во силните емоции кои ме поврзуваат токму со ова место. Овде се моите корени, семејството, пријателите, нешто што за мене е од особено значење. Овде ги запознав првите другари, тука почнав да се занимавам со спорт, ги имав првите подеми ,падови во животот, тука силно пулсира моето срце. Љубовта кон ова место, доминираше при мојата инвестиција, за која секако се подготвував извесен период, за да се биде најдобро реализирано.
Ресторанот Бакал официјално почна со работа на 21 декември 2013 година, се наоѓа во центарот на општина Брвеница, на околу 5 км од Тетово, или за околу 20-тина минути од Скопје, доколку се оди по обиколницата која е речиси готова. Ресторанот лесно се наоѓа, а со својот амбиент и природен мир, овозможува вистинска релаксација и бегство од бучните градски средини.

Ресторанот нуди домашна топлина, еден семеен амбиент кој се чувствува уште со самото влегување, во права смисла на зборот македонска гостопримливост. Амбиент кој ретко се доживува, кој не се заборава, место каде се нуди квалитетна храна подготвена со многу љубов од најдобрите кулинарски мајстори. Секој ден на мени имаме свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, а секако нудиме и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras, magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, може да се најде за секого по нешто. Големиот избор е нешто поради што гости од различни делови од македонија, но и од регионот доаѓаат во ресторанот Бакал, а ние се трудиме, да си поминат најдобро што може.
Коментарите се навистина воодушевувачки, со желба повторно многу брзо да се вратат, што нас посебно не радува, но и не мотивира да внесуваме кулинарски новитети, да го збогатуваме ентериерот според желбите на нашите ценети гости.

Убаво уреденото зеленило внесува дополнителен мир, спокој и хармонија во амбиентот. Тоа е средина во која секој сака да престојува, и токму затоа Ние се трудиме да го уредиме просторот најдобро што можеме.
Ресторанот го препорачувам на луѓе кои што се гурмани, кои сакаат да уживаат во добра храна и одлична услуга, и кои сакаат да поминат неколку незаборавни моменти во својот живот. А ние ќе се потрудиме сите тие да бидат третирани и услужени на најдобар можен начин, да уживаат во жуборот на водата, прекрасните растенија и уникатниот амбиент кој е креиран со многу чувство за естетика и пред се со многу љубов.
Во склоп на ресторанот се наоѓа и пекара, каде што произведуваме леб и бели пецива. Асортиманот е навистина голем, на пример правиме р’жан леб кој што се прави од ржано брашно мелено на камен, и 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен, а и неколку лебови по француска рецептура. Во склоп на ресторанот имаме и продажно место за лебот или млечен ресторан.

