29 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГодишната добивка на Ryanair скокна за 66%

Годишната добивка на Ryanair скокна за 66%

ryanair-aircraft-(12)

Годишната добивка на најголемиот нискобуџетен авиопревозник во Европа – „Ryanair Holdings PLC“, порасна за 66%, а очекувањата на компанијата се во новата година, таа да расте уште, пишува „MarketWatch“.

Во фискалната 2014-та година, завршена на крајот на март 2015-та година, авиокомпанијата предвиде нето добивка во износ од 867 милиони евра. Приходите се зголемија за 12% или до 5,7 милијарди евра. Авиокомпанијата со седиште во главниот град на Ирска, Даблин, предвидува годишен профит во интервал од 840 милиони до 850 милиони евра.

„Ryanair“, која има репутација да ја започне секоја година со конзервативни предвидувања, предвидува дека во тековната година нето добивката ќе биде во рамките на 940 милиони до 970 милиони евра. Анкетираните аналитичари од страна на „FactSet“ предвидуваат профит од 977 милиони евра.

Компанијата, која долго време беше позната со минимална услуга и конфликтен пристап кон патниците, изминативе две години работи на подобрување на својот имиџ и почна со таргетирање на патниците, подготвени да платат повеќе, преку поволни бизнис правци и нови услуги со доплата.

Позитивниот финансиски резултат се зголемува и поради растот на превоз на патници, дополнува „CNBC“. Во минатата година нивниот број се зголемува за 11% или до 90 милиони, наспроти 4-процентниот раст. Прогнозата за тековната година е растот на патници да биде најмалку 10%.

Промените доведоа до подобри финансиски резултати и повисока цена на акциите. На берзата во Лондон акциите на „Ryanair Holdings“ се зголеми во цената со близу 65% за последните 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП