22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилионска казна за PayPal

Милионска казна за PayPal

paypal999

Американското биро за заштита на финансиските клиенти (CFPB) ја казни компанијата „PayPal“ со 25 милиони долари поради неовластено запишување на корисниците на овој систем за електронско плаќање на кредитната услуга „PayPal Credit“, a притоа за тоа тие не биле известени.

Како што пренесува „Business Insider“, 15 милиони долари се наменети за обештетување на корисниците на „PayPal“ кои по „грешка“ биле ставени на листата на клиенти на програмата за одложено плаќање „PayPal Credit“, a другите 10 милиони долари е глобата за ова дело.

„CFPB“ соопшти дека има многу потрошувачи кои се обиделе да се пријават на обичната „PayPal“ сметка или да остварат „online“ купување, а биле запишани како корисници за услугата на одложење плаќање без нивно знаење.

Компанијата исто така неправилно ги книжела плаќањата и неефикасно посредувала во споровите кои нејзините корисници ги имале со трговците или компаниите, поради неподмирување на сметките, наведува „CFPB“ во соопштението.

Бирото тврди дека се оштетени десетици илјади клиенти.

„PayPal Credit“ е сервис кој овозможува одложено плаќање на сметките во период од неколку месеци, но за таа услуга се наплатува месечна камата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП