21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе вжештува битката за производителот на хеликоптери Sikorsky

Се вжештува битката за производителот на хеликоптери Sikorsky

sirkoski 22

Според различни извори, „Airbus“ и „Boeing“ пројавуваат сериозен интерес кон бизнисот со хеликоптери на американскиот конгломерат „United Technologies“ (UTC). Во групата на потенцијалните купувачи влегува и американскиот производител на оружје „Lockheed Martin“, тврдат извори запознаени со преговорите, а пренесува „Ројтерс“.

Волуменот на потенцијалната зделка се проценува на околу 10 милијарди долари, што е висока сума во предвид на стагнацијата на пазарот на хеликоптери.

„Sikorsky“ е еден од најголемите производители на хеликоптери во светот со приходи во износ од 7,5 милијарди долари за минатата година, а како клиенти се редица воени и цивилни купувачи. Аналитичарите ја оценија поделба на „UTC“ во март на меѓу 7 и 10 милијарди долари.

Аргументот за целосната продажба на поделбата „Sikorsky Aircraft“ е плаќањето на високите даноци, проценети на околу 3 милијарди долари, бидејќи данокот бил проблем за претходник на „United Technologies“ кој ј купил „Sikorsky“ во 1929-та година, што значи дека профитот од продажбата ќе е премногу висока и ќе го предизвика овој висок данок.

Постапката за наддавање може да биде објавена до крајот на месецот, тврди еден од извори кој е запознаен со преговорите.

„UTC“ продолжува да ги проверува стратешките алтернативи за „Sikorsky“, информацијата ја потврди портпарол на компанијата. Меѓу нив се и продажба на поделбата, како и поделбата во посебна компанија. Се очекува ова купување да заврши до средината на годината.

Портпаролот на „Airbus“ одби да во детали да ја коментира темата, но потврди дека неговата компанија продолжува да го следи „Sikorsky“. „Boeing“ и „Lockheed“ одбиваат да дадат коментар поврзан со „Sikorsky“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП