19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel и Altera ги обновуваат преговорите

Intel и Altera ги обновуваат преговорите

ok

Американскиот технолошки концерн „Intel“ очигледно е силно заинтересиран за договор со производителот на чипови „Altera“. Според публикација на „New York Post“, двете компании се да продолжат разговорите, а „Intel“ ќе ја зголеми понудата за 3 милијарди долари.

Така двете компании се на пат да остварат една од најголемите трансакции во индустријата на чипови. Претходно во текот на годината разговорите за зделката не дадоа резултат. Акциите на „Altera“ се зголемија за 5,7%, а пак на „Intel“ за 1,3%.

Во моментов „Intel“ нуди 13 милијарди долари, откако во март се појавија информации за понуда од „Intel“ кон „Altera“ во вредност од 10 милијарди долари, или 54 долари за акција. По март цената на акциите на компанијата скокна за околу 30 отсто. Во април, пак, стана јасно дека менаџерите на „Altera“ одбиле предлогот и заради несогласување по цената преговорите беа прекинати.

„Altera“ ќе биде голем залак за „Intel“, која пред се придржуваат кон стекнување на помали фирми.

„Intel“, која е со седиште во Санта Клара, Калифорнија, е најголемиот производител на чипови за персонални компјутери и серверски системи, а нејзината пазарна вредност е 151,6 милијарди долари.

„Altera“ пак е со седиште во Сан Хозе, Калифорнија, и е еден од најголемите производители на логички контролери, кои можат да бидат конфигурирани од клиентите за извршување на различни задачи. Тие се користени во телефонските мрежи, автомобилите и за производство на други производи.

„Intel“ и „Altera“ работеле заедно и претходно. Во 2013-та година „Intel“ се согласи да пренесе дел од производството на чипови кон „Altera“.

Купувањето уште повеќе ќе го зајакне нивното партнерството и ќе помогне за поголемо вработување на фабриките на „Intel“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП