6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Merck за првиот квартал падна за 13%

Профитот на Merck за првиот квартал падна за 13%

038_merck

Германската фармацевтска компанија „Merck KgaA“ објави 13 отсто пад на добивката за првото тримесечје од 2015-та година поради трошоците за финансирање на купувањето на „Sigma-Aldrich Corp.“, пренесува „MarketWatch“.

Нето добивката за периодот, заклучно со 31-ви март, достигна 281,7 милиони евра, што е пад од 13% од постигнатите 325,2 милиони евра пред 12 месеци.

За целата година „Merck“ го поддржува мислењето за малку повисока органска продажба и изјави дека очекува нето продажба во вредност од 12,3-12,5 милијарди евра и добивка пред камати, даноци и амортизација од 3,45 до 3,55 милијарди евра.

Претпоставките не ја земат во предвид очекуваната добивка од планираното стекнување на лабораториска групација за тестирање на материјали „Sigma-Aldrich“ за 17 милијарди долари (15,05 милијарди евра). Договорот беше објавен минатата година и се очекува да заврши ова лето. Потегот е дел од искуството на главниот извршен директор Карл Лудвиг Клеј да го промени фокусот на компанијата, излегувајќи целосно од фармацевтскиот бизнис.

Продажбата за првиот квартал порасна за 16% или до 3,04 милијарди евра од 2,63 милијарди евра во минатата година.

На крајот на 2014-та година „Merck“ оствари уште една голема зделка, стекнување на производителот на антибиотици „Cubist Pharmaceuticals“. Договорот беше во вредност од 9,5 милијарди долари, а „Merck“ плати по 102 долари по акција во кеш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП