17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗапочнува предавањето на власта во Samsung Group?

Започнува предавањето на власта во Samsung Group?

tatko sin samsung

Џеј Ли ќе го наследи својот татко Ли Кун-Хи, преземајќи ја функцијата претседател на две фондации на „Samsung Group“, објавија од конгломератот.

46-годишниот Ли ќе ги следи стапките на својот татко во компанијата, додека 73-годишниот Ли Кун-Хи е во болница, бидејќи доби срцев удар пред повеќе од една година. Синот ќе стане претседател на Фондацијата „Samsung Life Public Welfare“ и на Фондацијата за култура на „Samsung“, а тоа ќе се случи на 31-ви мај, откри портпаролот на компанијата, цитиран од „Ројтерс“.

Фондациите поседуваат удели во „Samsung Life Insurance“, важен дел од структурата на конгломератот, која му овозможува на семејството на Ли да ја контролира групацијата, иако располага со релативно мали удели од неа.

Инсајдерите велат дека по заминувањето на таткото во болница, младиот Ли стана човекот на кого паднаа најважните одлуки во конгломератот кој го вклучува гигантот во производството на паметни телефони „Samsung Electronics“. Назначувањата во фондациите сепак за прв пат покажуваат официјално предавање на водечката улога на Ли Кун-Хи, кој е претседател на „Samsung Electronics“.

„Клучен момент во процесот на наследување е контролирање на фондациите, бидејќи тие поседуваат удели во клучните компании на „Samsung Group““, тврди Парк Џу-Гун, шеф на корпоративниот регулатор „CEO Score“.

Во изминатата година „Samsung Group“ презеде серија на потези во кои инвеститорите и аналитичарите гледаат подготовка за предавање на власта од возрасниот Ли кон неговите три деца.

Нема потврда од самата компанија за официјално предвидено пренесување на одговорности, а портпаролот на „Samsung Group“ одбива да коментира кога синот на Ли ќе ја преземе претседателската функција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП