15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Атлантик група“ ќе го рециклира отпадот од производството на кафе

„Атлантик група“ ќе го рециклира отпадот од производството на кафе

atlantik grupa 3

Хрватската корпорација во својата филијала во Македонија „Атлантик група“ најавува дека процентот на отпад кој може да се продаде и реупотреби и понатаму ќе се зголемува.

Македонија иако се чини дека стои многу зад светските трендови во поглед на навиките за селектирање на отпадот како и негово рециклирање сепак постојат компании кои не само што предничат во следењето на овие текови туку и имаат и тенденција да бидат пионери во однос начинот на кој се грижат за животната средина.

„Атлантик група“ е хрватската корпорација која има бизнис операции речиси со сите екс-југословенски земји, вклучително и Македонија. Нејзините најсилни брендови по кои стана препознатлива се: Кокта, Цедевита, Аргета, Гранд кафе, Смоки и многу други. Но, она по кое тие исто така можат да бидат издвоени и препознаени во начинот на работењето е и високото ниво на еколошка свесност и многу строгите корпоративни правила во оваа сфера.

Начинот на кој се третира отпадот во оваа компанија е на завидно ниво и секоја година „Атлантик група“ поставува повисоки цели за што помало негативно влијание врз околината и рециклирање на што поголем процент од генерираниот отпад.

Па така еден од плановите на кои е концентриран еколошкиот тим на „Атлантик“ во Скопје е да најде решение за отпадот од производството на кафе, од кој секојдневно се добива плевица од сировото кафе кое се користи за производство на готовиот производ.

Станува збор за голема количина на отпад (30 отсто од целокупниот отпад кој се создава во фабриката) со оглед на фактот дека дневно во фабриката во Скопје се произведуваат девет тони кафе. Во други земји овој отпад се употребува во производството на пелети за греење, а во соседна Србија има некои компании кои целосно ја користат плевицата од кафе за затоплување.

До наоѓање соодветен партнер за овој отпад во Македонија, истиот завршува во комуналниот отпад. На пазарот во светот биогоривата произведени од органски отпад се во постојан пораст, а тоа се должи на високите цени на снабдувањето со конвенционалните горива како и зголемување на свеста на потрошувачите.

Тие се, исто така, поевтини од другите алтернативи, поради фактот дека ги намалуваат трошоците за превоз на отпадот до депонии, печки, или постројки.

„Атлантик група“ е компанија која може да послужи како пример за останатите компании како да го третира отпадот кој се создава од секојдневните производствени капацитети и постојано да бара решенија, да инвестира и да ја зголемува свеста за потребата од заштита на околината и заштеда на енергијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП