23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa: Без штрајкови до крајот на јули

Lufthansa: Без штрајкови до крајот на јули

C

Синдикатот на германските пилоти „Vereinigung kokpit“ соопшти дека е подготвен да разговара со управата на „Lufthansa“ за широкиот спектар на прашања во настојување да се понајде решение за долготрајниот спор, поради кој досега беа организирани повеќе од десет штрајкови.

Синдикатот на пилотите соопшти во средата дека го прифатил предлогот на „Lufthansa“ да се започне процес на преговори, а во тој период да не бидат организирани штрајкови.

„До крајот на јули не е планиран ниту еден штрајк“, изјави портпаролот на синдикатот.

Компанијата „Lufthansa“ ја поздрави оваа одлука на синдикатите, пренесуваат агенциите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП