12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОбуки за подобро и поефективно планирање состаноци, работилници и обуки

Обуки за подобро и поефективно планирање состаноци, работилници и обуки

ceprosard

ЦеПроСАРД организираше пакет обуки на тема “Ефективно организирање на состаноци, работилници, обуки и кампањи”. Целта на обуките, кои почнаа завчера, е да им помогнат на претставниците од различни сектори на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и претставници од мрежните земјоделски организации во процесот на  поефективно планирање и организирање на состаноци, работилници и обуки. Во реализација на обуката беа вклучени обучувачи од Центарот за институционален развој – ЦИРа.

Учесниците беа обучени за важноста на процесот на планирање на состаноци и работилници, стратегиите и методите за дизајн на работилниците, потребните вештини за водење на ефективни состаноци и работилници, како и со стратегиите за справување со напорни учесници и комплицирани групни процеси. На обуката беше даден посебен акцент па процесот на организирање на кампањи и користење на традиционални и социјални медиуми во реализација на ефективни кампањи.

ЦеПроСАРД, во делот на активностите на компонентата „Зајакнување на јавно – приватниот дијалог преку поефикасно застапување на вредносните синџири за свежо овошје и зеленчук и преработен зеленчук“ финансирана од  АгБиз Програмата на УСАИД, ќе продолжи да обезбедува услови за воспоставување дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор преку зајакнување на капацитетите на учесниците во вредносните синџири и претставниците  на владините институции, како и поставување на систем за редовна комуникација и размена на мислења на одредени теми и документи во потсекторските групи за овошје и зеленчук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП