22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСилниот долар ги поткрепи резултатите на Deutsche Telekom во првиот квартал

Силниот долар ги поткрепи резултатите на Deutsche Telekom во првиот квартал

dt telecom

Силниот долар и еднократната ставка ја поддржаа во првиот квартал од 2015-та година добивката на германскиот телекомуникациски гигант Deutsche Telekom (DT), покажа деловниот извештај на компанијата објавен денеска.

Силниот американски долар ги поткрепи резултатите на германската компанија во првото годинешно тримесечје, па прилагодената добивка пред каматите, даноците, депрецијацијата и амортизацијата (EBIDTA) порасна на годишно ниво за 11 отсто, на 4,5 милијарди евра. Доколку се изземе влијанието на силниот долар, пак, добивката на DТ е зголемена за 5,6 отсто.

Прилагодените резултати вклучуваат еднократен приход од 175 милиони евра, поврзано со договорот со „Unitymedia“, околу аквизицијата на „Kabel BW“. Доколку се одземе таа ставка, EBITDA е намалена за 26,2 отсто, на 4,2 милијарди евра.

Приходите на годишно ниво се зголемени за 13,1 отсто, на 16,8 милијарди евра. Доколку се изземе поволното влијание на валутните курсеви и промените во структурата на групата, пак, пораснале за 4,7 отсто.

Нето добивката е намалена за 56,7 отсто, на 787 милиони евра, поради високата минатогодишна споредбена основица на којашто влијаеле 1,7 милијарди евра приходи од продажбата на 70 отсто од уделот во групацијата „Scout24“, се наведува натаму во извештајот.

Дополнително нето добивката ја намалила зголемување на износот на депрецијација и амортизација за 200 милиони евра во однос на истиот минатогодишен период, поврзано со инсталацијата на LTE мрежите во рамките на модернизацијата на мрежата на „T-Mobile“ во САД. Меѓу позитивните влијание врз нето добивката во првиот годинешен квартал во DT го издвојуваат намалената загуба на финансиските активности и помалите трошоци во доменот на даночните обврски. Прилагодената нето добивка, вклучително и позитивното влијание од договорното решавање на правен спор, е зголемена за 75, 6 отсто, на милијарда евра.

Компанијата в првиот квартал ја зголемила капиталната потрошувачка за 2,2 милијарди евра во однос на истиот лански период, до што најголемиот дел отпаѓа на купувањето концесии за мобилните фреквенции во САД.

„Мина извесно време откако бевме сведоци на позитивните сигнали за приходи и добивката во нашата индустрија“, истакнува извршниот директор Тиметеус Хоетингс, констатирајќи дека „стратегијата на зајакнати вложувања почнуваат да носат резултати“.

Компанијата ги потврди насоките на годишните резултати, според коишто прилагодената годишна добивка пред EBITDA, би требало да изнесува околу 18,3 милијарди евра со претпоставка на непроменетиот курс на еврото во однос на доларот од 1,33 долари за евро. Во DT истакнуваат дека во таа процена не е вклучен еднократниот приход од 175 милиони евра. Според просечниот курс на доларот во првиот годинешен квартал од 1,13 долари за евра очекуваната прилагодена година EBITDA би требало да изнесува 19,3 милијарди евра, проценуваат во Deutsche Telekom.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП