6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook претстави новитети (фото+видео)

Facebook претстави новитети (фото+видео)

nov fb

Најпопуларната друштвена мрежа, „Facebook“, денеска претстави нова опција на своите стараници. Станува збор за функцијата „Instant Articles“ со чија помош „Facebook“ на корисниците ќе им понуди ексклузивни статии од светски медиумски куќи, како што се „New York Times“, „BuzzFeed“, „National Geographic“ и „NBC News“.

Содржината која обично се појавуваше на страниците на овие медиуми, отсега ќе се појавува директно на најпопуларната друштвена мрежа во светот.

nov fb1

Во „Facebook“ веруваат дека на овој начин читањето на вести ќе го направат побрзо, а познатата компанија исто така објави и неколку интерактивни функции кои издавачите ќе можат да ги користат внатре во нивните објавени содржини. Меѓу новите опции се наоѓа и „zoom“, „auto-play“ на видео записи, звучни клипови и можност за лајкување и коментирање на индивидуалните делови во објавениот текст.

Популарната друштвена мрежа веќе некое време тврди дека оваа опција е во најдобар интерес на корисникот.

Многу интернет страни добиваат повеќе од половината посети преку паметните телефони, а „Facebook“ смета дека просечното чувство на читање преку смартфон не е доволно добро и дека тие можат да го направат многу подобро.

nov fb2

Сепак, оваа опција придонесува и за одредени ризици за издавачите.

Имено, еднаш кога корисниците на споменатите интеренет страни разберат дека немораат да го напуштаат „Facebook“ за да читаат вести, посетата на нивните страни би можела драстично да опадне, што со себе повлекува и пад во заработката од реклами.

Погледнете го видеото:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП