20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVerizon го купува AOL за 4.4 милијарди долари

Verizon го купува AOL за 4.4 милијарди долари

Verizon-AOL-Deal_17095

Мобилниот оператор „Verizon“ станува сопственик на интернет компанијата „AOL“, информираа медиумите по соопштението на телекомот.

„AOL“ е сопственик на истоимениот интернет портал, како и на бројни онлајн изданија, меѓу кои и „Huffington Post“, како и специјализираниот технолошки блог „TechCrunch“.

Договорот е во вредност од 4.4 милијарди долари. „AOL“ ќе стане сестринска фирма на „Verizon“ и нема да се спои со структурата на телекомот.

„Договорот значи дека ќе сме оддел на „Verizon“ и ќе продолжиме да ги раководиме сегашните активности на „AOL“, плус дополнителни проекти од „Verizon“, кои се насочени кон мобилната технологија и онлајн видеото“, коментира извршниот директор и претседател на одборот на „AOL“ Тим Армстронг и дополнува дека стратегијата на „AOL“ нема да се менува. Армстронг ќе ја задржи функцијата.

Претходно оваа година имаше гласини дека „Verizon“ има интерес кон „AOL“. Тогаш телекомот ги негираше тврдењата. Според Армстронг, „AOL“ и „Verizon“ ќе изградат „најдобра медиумска технолошка компанија во светот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП