2 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUber станува најскапата приватна компанија во светот

Uber станува најскапата приватна компанија во светот

uber23

Еден од најбрзорастечките „стартапи“ – компанијата кои нуди услуги за превоз на патници – „Uber Technologies Inc.“, планира собирање на нов значителен капитал според големината.

Компанијата со седиште во Сан Франциско ќе бара да го зголеми својот капитал со меѓу 1,5 и 2 милијарди долари во нов бран на финансирање, што ќе ја процени на 50 милијарди или повеќе.

Тоа би ја направило компанијата најскапата приватна компанија во светот, според експертите.

При ваква пазарна оценка инвестициската банка „Goldman Sachs“ оствари приватна понуда на капитал од „Facebook“ во 2011-та година. За споредба, во моментов пазарната проценка на веќе јавната социјална мрежа е во износ од речиси 220 милијарди долари.

Пазарната капитализација на „Uber“ може да порасне, кога компанијата ќе започне да има средби со потенцијални инвеститори, според истите извори.

За споредба, финансирањето на компанијата во мај 2014-та година започна во предвидувањето за пазарна оценка од 10 милијарди долари, но заврши со пазарна оценка од 18 милијарди долари.

Финансирањето во декември 2014-та година започна при проценка од 30 милијарди долари, но беше завршено при проценка од 41 милијарда долари.

Една споредба со „Facebook“ покажува дека „Uber“ е доста великодушно оценувана во моментов, во споредба со „Facebook“. Кога социјалната мрежа собираше капитал како приватна компанија во почетокот на 2011-та година при пазарна оценка од 50 милијарди долари, нејзината вредност се зголеми за 25 пати за разлика од претходната година од 2 милијарди долари. Истиот сооднос во моментов кај „Uber“ е 120 пати. „Facebook“ исто така имаше добивка во износ од 600 милиони долари во 2010-та година, додека „Uber“ се уште е во загуба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП