28 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОва се 15-те најголеми компании во светот

Ова се 15-те најголеми компании во светот

icbc22

Најголемите и највлијателните 2000 јавни компании во светот во 2015-та година имаат заеднички приходи во износ од 39 илјади милијарди долари, 3 илјади милијарди долари добивка, 162 илјади милијарди долари средства и 48 илјади милијарди долари пазарна вредност.

Нивната вкупна пазарна вредност се зголеми за 9% на годишна основа, што е најголем пораст меѓу четирите индикатори, според најновото рангирање на „Forbes“.

Во рангирањето се вклучени компании од вкупно 61 држава. Со најмногу претставници во рангирањето може да се пофали САД – 579. Второто место е за Кина (континентална и Хонг Конг) со 232 компании, која за прв пат ја надмина Јапонија и сега се наоѓа на третото место со 218 компании. Веднаш зад првите три се Велика Британија (94) и Јужна Кореја (66).

Благодарение на растот на берзата и на големиот интерес од страна на инвеститорите, „бумот“ на светскиот „IPO“ помогна за влегувањето најмалку 20 популарни нови компании во рангирањето. Азиските компании ја предводат листата на прибирање на капитал, а како типичен пример за ова е „IPO“-то на „Alibaba“, што беше најголемо во светот.

Првите десет се поделени меѓу САД и Кина веќе втора година по ред. Меѓу најголемите профитабилни во оваа година е „Facebook“, која скокна со над 200 места во рангирањето – благодарение на зголемените приходи и профит. „American Airlines“ се движи со 500 места во рангирањето, благодарение на пониската цена на нафтата. „Starbucks“ забележа скок од над 450 места, а причина за тоа е зголемената пазарна капитализација и профит на компанијата.

Еве и кои се 15-те најголеми јавни претпријатија во светот:

15. „HSBC Holdings“ – Продажба – 81.1 милијарди долари; Добивка – 13,5 милијарди долари; Средства – 2.63 илјади милијарди долари; Пазарна вредност – 167.7 милијарди долари.

14. „Volkswagen Group“ – Продажба – 268.5 милијарди долари; Добивка – 14,4 милијарди долари; Средства – 425 милијарди долари; Пазарна вредност – 126 милијарди долари.

13. „Royal Dutch Shell“ – Продажба – 420.4 милијарди долари; Добивка – 14,9 милијарди долари; Средства – 353,1 милијарди долари; Пазарна вредност 195.4 милијарди долари.

12. „Apple“ – Продажба – 199,4 милијарди долари; Добивка – 44,5 милијарди долари; Средства – 261,9 милијарди долари; Пазарна вредност – 741,8 милијарди долари.

11. „Toyota Motors“ – Продажба – 252,2 милијарди долари; Добивка – 19,1 милијарди долари; Средства – 389,7 милијарди долари; Пазарна вредност – 239 милијарди долари.

10. „Wells Fargo“ – Продажба – 90,4 милијарди долари; Добивка – 18 милијарди долари; Средства- 1,7 илјади милијарди долари; Пазарна вредност – 278.3 милијарди долари.

9. „General Electric“ – Продажба – 148,5 милијарди долари; Добивка – 15,2 милијарди долари; Средства – 648,3 милијарди долари; Пазарна вредност – 253,5 милијарди долари.

8. „PetroChina“ – Продажба – 333,4 милијарди долари; Добивка – 17,4 милијарди долари; Средства – 387,7 милијарди долари; Пазарна вредност – 334,6 милијарди долари.

7. „Exxon Mobil“ – Продажба – 376,2 милијарди долари; Добивка – 32,4 милијарди долари; Средства – 349,5 милијарди долари; Пазарна вредност – 357,1 милијарди долари.

6. „JPMorgan Chase“ – Продажба – 97,8 милијарди долари; Добивка – 21,2 милијарди долари; Средства – 2.59 илјарди милијарди долари; Пазарна вредност – 225,5 милијарди долари.

5. „Berkshire Hathaway“ – Продажба – 194,7 милијарди долари; Добивка – 19,9 милијарди долари; Средства – 534,6 милијарди долари; Пазарна вредност – 354,8 милијарди долари.

4. „Bank of China“ – Продажба – 120,3 милијарди долари; Добивка – 27.5 милијарди долари; Средства – 2,45 илјарди милијарди долари; Пазарна вредност – 199,1 милијарди долари.

3. „Agricultural Bank of China“ – Продажба – 129,2 милијарди долари; Добивка – 29,1 милијарди долари; Средства – 2,57 илјади милијарди долари; Пазарна вредност – 189,9 милијарди долари.

2. „China Construction Bank“ – Продажба – 130,5 милијарди долари; Добивка – 37 милијарди долари; Средства – 2,69 илјади милијарди долари; Пазарна вредност – 212,9 милијарди долари.

1. „ICBC“ – Продажба – 166,8 милијарди долари; Добивка – 44,8 милијарди долари; Средства – 3.32 илјади милијарди долари; Пазарна вредност – 278,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП