23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВечерна забава за учесниците во маратонот во i-bank store на Стопанска банка

Вечерна забава за учесниците во маратонот во i-bank store на Стопанска банка

Logo-i-ran-naslov

Во духот на спортот и маратонската еуфорија, во желба да се споделат моментите од овие вредни достигнувања, да се поттикне натпреварувачкиот дух и навивачката страст, Стопанска банка АД – Скопје и натаму придонесува кон создавање дух на поддршка и партнерство со сите спортисти и рекреативци, учесници на маратонот.

Во 20 часот, по завршување на маратонот, ќе биде организирана забава за сите учесници на маратонот во i-bank store на кејот на Вардар. На забавата, освен бесплатни пијалаци, гостите ќе уживаат во рок забавата на Бени Шаќири и диџеј Гоце Саф, а ќе се доделат и награди, две бесплатни котизации за маратонот во Њујорк.

„Да се поддржува ваков извонреден настан, како Скопски Маратон е наша лична и институционална определба. Нашиот тим на маратонци веќе се подготвува и нивната спортска сила и натпреварувачки дух за нас се голема инспирација. Наша замисла беше да ги поддржиме, охрабриме и мотивираме сите оние што ќе трчаат и им посакуваме многу среќа на сите учесници“ – изјави Милица Чапаровска – Јовановска, Генерален Директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Стопанска банка.

Logo i-ran

Стопанска банка ќе биде присутна за време на маратонот со свој штанд во паркот „Жена Борец“ како еден од главните спонзори на маратонот, како и со намера да даде поддршка за маратонците и за целиот настан, афирмирајќи го своето  мото „На ваша страна“, овој пат на страната на спортот, извонредните спортски достигнувања, како и на страната на помладата генерација.

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП