23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочнува иднината: Легализиран камион со авто-пилот (фото+видео)

Започнува иднината: Легализиран камион со авто-пилот (фото+видео)

a kamion

„Freightliner Inspiration“ е првиот камион со авто-пилот кој доби дозвола за комерцијална употреба и така стана најголемото друмско возило на патиштата кое може да користи технологија за автономно возење.

Камионот го користи системот кој го разви германски „Daimler“ за футуристичкиот концепт на „Mercedes“, шлепер за самоуправување за 2025-та.

a kamion1

Новиот чекор кон трансформација на патниот сообраќај во систем на самоуправувачки возила е направен во американската сојузна држава Невада, каде е регистриран првиот камион со авто-пилот.

„Daimler“ очекува дека такви камиони многу бргу ќе се најдат на патиштата со цел на возачите да им се олеснат долгите и монотони патување и да им се овозможат моменти на одмор додека компјтерот управува со возилото.

a kamion2

Во германската компанија објаснуваат дека тоа се уште не значи целосна автоматизација и дека возачите и натаму ќе бидат потребни во камионите, да го превземат воланот во сложени сообраќајни услови (наидување на раскрсница, возење по градски улици, исклучување и вклучување на автопат и слично).

Во периодот додека камионот е управуван од компјутер, возачот може да се одмара, но и да извршува други обврски во врска со планирањето на следна тура.

a kamion3

Од „Daimler“ нагласуваат дека дозволата која ја добиле од властите во Невада не се однесува на тестирање на камиони, туку станува збор за оперативна лиценца.

Тоа значи дека „Freightliner Inspiration“ може веднаш да се вклучи во секојденвниот сообраќај во оваа американска држава.

a kamion4

„Сметаме дека нашите камиони и нивниот автономен систем за управуање се подготвени и дека се значително побезбедни во сообраќајот од обичните камиони“, вели еден од директорите на германската компанија, Волфганг Бернхард и додава дека досега се извршени преку 15.000 километери во тест-возење.

Бернхард објаснува дека се одлучиле најпрво да побараат дозвола во Невада, затоа што оваа сојузна држава е една од првите во САД која ги легализираше патничките автомобили со авто-пилот.

Исто така, на нивната одлука влијаеше и бавноста на властите во државите од ЕУ да донесат закон со кој ќе се регулира областа за самоуправувачките возила.

Mercedes“ во 2014-та претстави прототип на футуристички камион со авто-пилот кој би требало да се најде во употреба во 2025-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП