„Авто-пилотот во камионот никогаш не е уморен, секогаш е стопроценти сконцентриран, а неможе да се нанервира, ниту да биде вознемирен за време на возењето“, ги објаснуваат од „Mercedеs“ предностите на нивниот роботизиран камион за 2025-та година.
„Mercedes“ неодамна на саемот за комерцијални возила во Хановер претстави камион со авто-пилот, кој би требало да се појави на патиштата во 2025-та година.
Во германската компанија вервуваат дека ваквите теретни возила, кога еден ден ќе се најдат во поширока употреба, ќе допринесат за намалување на сообраќајните незгоди предзивикани од камионите, а во кои ширум светот годишно страдаат илјадници луѓе.
Камионот на „Mercedes“ за 2025-та не е проектиран за да може да се движи цело време без помош на возач, но ќе бидат од голема корист за камионџиите за време на долгите, монотони автопати.
Кога возачот ќе посака да направи пауза и да се одмори од возењето, доволно е да ја препушти командата на авто-пилотот и удобно да се смести во своето седиште.
Сепак, тој нема да може во целост да го исклучи процесот на управуање, затоа што ќе мора да го превземе воланот во моменти кога камионот треба да премине низ раскрсница, односно при уклучување и исклучувања од еден автопат на друг.
Погледнете ја демонстрацијата од возњето на самоуправувачкиот камион на „Mercedes“:
Самоуправувачкото возење е овозможено со употреба на бројни сензори и камери, и централната управувачка единица во која доаѓаат сите потребни информации.
Благодарејќи на радарите со долг и краток домет, компјутерот скенира површина до 250 метри пред возилото.
Системот вклучува и стерео камера која се наоѓа зад шофершајбната и која го покрива патот пред возилото. Камерата е во состојба да препознае дали камионот се движи по автопат или по пат со две сообраќајни ленти, потоа да ги идентификува подвижните или неподвижните објекти, како други возила или пешаци.
Покрај тоа што се поекономични, бројните „LED“ извори на светлина имаат и дополнителна функција, кога возачот управува со камионот, сијаличките светат со бели зраци, а кога авто-пилотот ја превзема функцијата, тие се со сина боја.
Поради препреките од правна природа, во германската компанија очекуваат ваквите теретни возила да се најдат во комерцијална употреба дури на половината на следната декада, а денеска може легално да се користи во некои американски сојузни држави, како Аризона и Невада.