25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОваа порака од вашите бели дробови ќе ве натера да ги оставите...

Оваа порака од вашите бели дробови ќе ве натера да ги оставите цигарите (видео)

pulmones123--575x323

Тајландското Министерството за здравство пронајде начин како да ги шокира пушачите.

Новата кампања чија цел е да ги поттикне луѓето да ги остават цигарите е навистина застрашувачка.

Видеото кое овие денови се емитува на локалните телевизии прикажува црна течност која потсетува на мастило и со која е испишано „Овозможете им на вашите бели дробови повторно да дишат“.

Црната течност од видеото буквално е направена од белите дробови на мртвите пушачи, кои ги донирале белите дробови за научни цели.

„Мастилото од црните бели дробови“ потоа било флаширано и делено на јавните места, а уметниците и калиграфи на неколку јавни настапи создавале слики и пораки кои ги инспирираат луѓето да ги остават цигарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП