
По заминувањето на Перо Моцан, на почетокот од мај за нов извршен директор на „Винарија Сковин АД“ е назначен Тодор Сејзов, дипломиран економист со долгогодишно искуство на управувачката позиција директор на продажба во Лотарија на Македонија.


По заминувањето на Перо Моцан, на почетокот од мај за нов извршен директор на „Винарија Сковин АД“ е назначен Тодор Сејзов, дипломиран економист со долгогодишно искуство на управувачката позиција директор на продажба во Лотарија на Македонија.
„Новата функција е уште еден нов, голем предизвик во мојата професионална определба. Македонија има огромен потенцијал за развој на винскиот сектор како во рамките на нашата земја така и во регионот па и пошироко. Секако дека Сковин е веќе докажан бренд и подолг период извезува вино во Европа, Русија, Јапонија и Канада“, изјави Сејзов по назначувањето на челната функција во винаријата.
Како свој приорите го истакна пробивањето на нови пазари и запознавањето на културата и навиките на тамошното население што на „Сковин“ како компанија „ни дава дополнителен стимул и желба за работа и адаптирање на нашиот финален производ во согласност со барањата и потребите на крајниот конзумент“.
„Во моментов сме во преговори за проширување и освојување на поголем дел од кинескиот пазар. Во однос на домашниот пазар новина е соработката со нашиот нов дистрибутер Гемак, а исто така и морам да споменам дека Сковин АД во целост ги исплати лозарите и со тоа ја испочитува законската обврска за откуп на грозјето предвидено до 30-ти април“, дополни Сејзов.
Новиот извршен директор на „Сковин“ потенцираше дека тимот на винаријата е предводен од професионални енолози кој „секогаш успева да понуди нови и квалитетни вина“,
„Во контекст на ова ќе го споменам последното пенливо вино ‘Сковин Пенливо’ кое го лансиравме на пазарот непосредно пред новогодишните празници. ‘Сковин Пенливо’ е добиено со примена на класична метода на производство што му дава врвен квалитет и неодолив вкус. Иновативноста на Сковин секогаш била нејзина предност, впрочем ние бевме првата винарија која излезе со брендирана ракија и првото пенливо вино, од 2003 година.)“, рече Сејзов.