3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалени цените на индустриските производители

Намалени цените на индустриските производители

industrija1

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари се пониски за 0,1 процент на месечно ниво, а на годишно се повисоки за 2,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во февруари во споредба со јануари годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата трајни производи за широка потрошувачка за 2,8 проценти, нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 проценти и во групата капитални производи за 0,1 процент.

Во февруари годинава во однос на истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата интермедијарни производи, освен енергија за 4,5 проценти, енергија за 4,2 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 3,2 проценти и во групата нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП