26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТуристичката агенција Јупитер може да се соочи со казни

Туристичката агенција Јупитер може да се соочи со казни

jupiter agencija

Туристичката агенција Јупитер, во чиј аранжман група туристи од Македонија доживеа непријатности во Истанбул, во понеделникот беше затворена, а на влезот стои информација дека патниците ќе бидат обесштетени.

Ова го соопшти екипа од Државниот пазарен инспекторат која изутрината беше испратена да изврши контрола на просториите на агенцијата во Скопје, и да ја констатира фактичката состојба.

Агенцијата беше затворена, а на самиот влез поставена е информација дека агенцијата нема да работи до среда и дека сите граѓани кои патувале на нивна организација во Истанбул ќе бидат обесштетени, се вели во соопштението.

Министерството за економија ја информира  јавноста дека по контролата која ќе се превземе од страна на ДПИ, и по анализата на целокупната документација, доколку се потврдат неправилности во работење ќе биде започната постапка за одземање на лиценцата за работа на оваа туристичка агенција.

Министерството ги информира оштетените граѓани, дека истите ќе добијат обесштетување од страна на туристичката агенција, а во случај оваа законска обрврска на Агенцијата да не биде остварена, Министерството за економија ќе покрене соодвента кривична пријава против горенаведениот субјект.

Група од 400 Македонци, кои ги минаа првомајските празници во Истанбул преку агенцијата „Јупитер“ во неделата не можеле да си заминат дома бидејќи од рецепцијата на хотелот не сакале да им ги вратат пасошите, додека не бидат подмирени трошоците за нивниот престој.

Македонските туристи за Скопје тргнале дури во 21 часот, откако македонските власти дале гаранција дека трошоцие ќе бидат подмирени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП