17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Chevron се намали за 43 проценти

Профитот на Chevron се намали за 43 проценти

chevron 33

Тримесечниот профит на американскиот производител на нафта и гас „Chevron Corp.“ забележа пад од 43%. Сепак резултатите на компанијата се покажаа подобри од очекувањата на аналитичарите, бидејќи трошоците за реструктуирање и стабилните маргините на операциите на рафинирање го засенија негативниот ефект од падот на цените на нафтата, пишува „Ројтерс“.

За периодот јануари-март американскиот енергетски гигант предвиде нето добивка од 2,57 милијарди долари, или 1,37 долари по акција, што е помалку во однос на првиот квартал од 2014-та година. Тогаш компанијата доби 4,51 милијарди долари, или 2,36 долари по акција.

Аналитичарите кои беа анкетирани од агенцијата, прогнозираа добивка по акција од 79 центи.

Производството се зголеми за 4% на годишно ниво или до 2,68 милиони барели нафта на ден. Растот главно се должи на САД, Бангладеш и Аргентина.

„Chevron“ реализираше загуба од поделбата за производство на нафта во САД. Според „Ројтерс“ тоа е сигнал дека трошоците во земјата се едни од највисоките.

Цените на нафтата паднаа за над 40% од јуни минатата година на позадината на снабдувањето на глобално ниво. Ова се одрази негативно на поделбата на „Chevron“ за производство на нафта и гас, но профитот на поделбата за рафинирање на „црното злато“ се удвои речиси до 1,42 милијарди долари.

Од почетокот на годината „Chevron“ продаде средства за 4 милијарди долари како дел од својот план за намалување на инвестициите. Поради отпуштањата, оперативните трошоци се намалија за 9 отсто.

Покрај тоа, компанијата преговара со над 3.000 изведувачи и очекува од нив да заштеди околу 900 милиони долари во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП