19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBerkshire Hathaway пријатно изненади со тримесечните финансиски резултати

Berkshire Hathaway пријатно изненади со тримесечните финансиски резултати

Berkshire-Hathaway-Inc.

Финансискиот конгломерат „Berkshire Hathaway Inc.“ пријатно изненади на „Wall Street“ со своите финансиски резултати, соопшти „Reuters“.

Во првиот квартал на 2015-та година компанијата на Ворен Бафет за 20% ја зголеми оперативната добивка, благодарение на повисоките приходи на водечките единици за осигурување и железнички превоз.

Нето добивката на „Berkshire Hathaway“ за периодот јануари-март изнесува 5.16 милијарди долари, или 3.143 долари по акција, во споредба заработени пред година 4,71 милијарди долари, или 2.862 долари по акција. Растот е од 10 проценти на годишна основа.

Исклучувајќи ги некои извршени инвестиции, оперативната добивка отскокнува до 4,24 милијарди долари, или 2.583 по акција или од 3,53 милијарди долари и 2.149 долари по акција, реализирана во првиот квартал од 2014-та година. Аналитичарите од „Thomson Reuters“ очекуваа профит на една акција од 2.373 долари.

Приходите на „Berkshire Hathaway“ се зголемија за 7% или до 48,64 милијарди долари од 45,45 милијарди долари од пред една година.

Операциите на компанијата во осигурителниот сектор и донесоа добивка од 480 милиони долари, за разлика од пред една година кога изнесуваа 461 милиони долари. Приходите на дивизијата во која спаѓаат железничката услуги, комуналните и енергетските компании, достигнуваат 9,89 милијарди долари, за разлика од 9,75 милијарди долари колку што беа остварени во првиот квартал во 2014-та година.

Квартални резултати беа објавени во пресрет на прославата по повод 50-годишнината од владеењето на Бафет на чело на „Berkshire“. Годишното генерално собрание на акционерите се одржува денеска во градот Омаха, Небраска.

Бафет го претвори „Berkshire“ во џиновски конгломерат кој поседува близу 80 најразлични бизниси. Во март тие помогнаа во соединувњето на „Kraft Foods Group Inc.“ и „H.J. Heinz Co.“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП