19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо првиот квартал RBS изгуби 446 милиони фунти

Во првиот квартал RBS изгуби 446 милиони фунти

RBS_137

„Royal Bank of Scotland“ (RBS) изгуби 446 милиони фунти (687 милиони долари) во првиот квартал од 2015-та година и најави дека ќе издвои 1,3 милијарди долари за потенцијални судски трошоци, пишува „CNBC“.

Загубата е значајна во однос на профитот од 1,6 милијарди фунти, кој банката, се уште во сопственост на британската влада, го реализираше во првиот квартал од 2014-та година.

Како што објавија од банката, поради судски трошоци исплатиле 856 милиони фунти, како и поради трошоците за реструктуирање во вредност од 453 милиони фунти.

Освен тоа од „RBS“ резервираа уште 334 милиони фунти за наредни потенцијални проблеми на девизните пазари. Ова се случува откако против неколку банки се води истрага по обвиненија за манипулирање на пазарот.

Утрово акциите на банката поевтинија за 2% на берзата во Лондон. Аналитичарите од „Citi“ коментираат дека резултатите на „RBS“ се во склад со очекувањата, освен приходите кои се со 4% пониски во однос на предвидените.

Од почетокот на финансиската криза и по серијата судски истраги, „RBS“ најави нова стратегија чија цел е да ја поврати довербата на клиентите.

Освен тоа банката ќе продолжи да го спроведува својот план за намалување на трошоците за 800 милиони фунти во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП