13 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСпијте како бебе: 4 активности за подобар сон

Спијте како бебе: 4 активности за подобар сон

1411128808553f6bc31967b005142568_w640

Сите веќе знаеме колку квалитетниот сон е важен, ако сакаме да функционираме нормално во текот на следниот ден. Доколку имате проблеми со сонот, еве неколку едноставни трикови како да го промените тоа.

1. Кафе

Вашето последно кафе би требало да биде испиено во 2 попладне. Имено, на просечниот човек му се потребни 5-7 часа за неговото тело да се ослободи од половината од внесениот кофеин. 10 саати се потребни за телото да се ослободи од 75 проценти од внесениот кофеин. Пиењето на кафе во вечерните часови може да го поремети вашиот сон.

2. Омилени активности

Веруваме дека често навечер се опуштате со вашите омилени активности, како што е читање книга или гледање на некоја серија. Но, наместо тоа, обидете се тие активности да ги префрлите во утринските часови. На тој начин ќе имате зошто да му се радувате на утрото. Епизода од омилената серија со утринско кафе не звучи воопшто лошо, зар не?

3. Чистење

Подобро ќе спиете на свежо исперена и миризлива постелнина.

4. Затоплете ги нозете

Општо е познато дека подобро спиеме во поладни простории, бидејќи нашата телесна температура мора да се намали, за да заспиеме. А кога температурата е прениска и нашете раце и нозе се ладни, па така доаѓа до стеснување на крвните садови со цел задржување на топлината во телото. Топлите чорапи се решение за проблемот и добар начин да поттикнете брз сон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП