27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПочина долгогодишниот директор на „Michelin“, Франсоа Мишлен

Почина долгогодишниот директор на „Michelin“, Франсоа Мишлен

mislen35

Директорот на светски познатата француска компанија за производство на автомобилски гуми „Michelin“, Франсоа Мишлен (Мишелин), која ја водеше речиси половина век, починал во 88-мата година од животот, објави во средата неговата компанија.

Не е објавен датумот, ниту причината за смртта.

Завршувајќи ги студиите по математика, Франсоа Мишлен, на возраст од 25 години, во 1951-ва година, под лажно име се вработил во семејната компанија чие седиште е во Клермон-Феран и во неа во следните четири години ги минал сите фази на производство.

Директор станал во 1955-та година, и во текот на следните 47 години на чело на компанијата ја претвори во еден од трите водечки производители на автомобилски гуми во светот, покрај „Bridgestone“ и „Goodyear“. Се повлече во 2002-ра година, кога позицијата му ја предаде на синот Едуард, кој се удави четири години подоцна.

Актуелниот француски претседател Франсоа Оланд го нарече „еден од најголемите француски повоени индустријалци“.

Франсоа Мишлен за прв човек на компанија бил именуван од неговиот дедо Едуард, еден од соосновачите на „Michelin“. Од 2006-та година со компанијата повеќе не управува семејството Мишлен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП