26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Газпром минатата година паднала за 86 отсто

Добивката на Газпром минатата година паднала за 86 отсто

gazprom ukraina23

Добивката на рускиот енергетски гигант Газпром паднала минатата година за 86 отсто, предизвикана од падот на курсот на рубљата и спорот со украинската енергетска компанија Нафтогаз.

Добивката на Газпром во 2014-та година изнесувала 159 милијарди рубљи или три милијарди долари, наспроти 1.140 милијарди рубљи остварени во 2013 година, пишува во финансискиот извештај на компанијата.

Газпром како главни причини за падот на добивката го наведе падот на курсот на руската валута и спорот со украинската компанија Нафтогаз. Но, аналитичарите истакнуваат дека комбинацијата на благите температури и ниските цени на нафтата придонесоа за падот на побарувачката во Европа, инаку клучен пазар на Газпром.

Продажбата на Газпром е зголемена од 5.250 на 5.590 милијарди рубљи, а тој раст првенствено е резултат на слабеењето на рубљата што ги зголеми странските приходи на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП