17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 одлични причини да дојдете на работа малку порано

5 одлични причини да дојдете на работа малку порано

always-late-660x330

Пристигнувањето на работа малку порано не звучи како најпривлечната работа на светот, бидејќи тоа значи и порано станување од креветот. Но, постојат неколку добри причини зошто е добро да размислите за тоа.

1. Сообраќај

Особено ако возите и ако тргнете порано од останатите, заклучокот е логичен: на улиците ќе има и помалку гужва. Истото важи и доколку патувате со јавниот превоз, бидејќи и таму ќе има помалку луѓе.

2. Шоља кафе

Со доаѓањето порано во канцеларија, конечно ќе имате прилика да испиете една шоља кафе или да појадувате во мир, без телефонот кој ѕвони пет пати во минута, без одговарање на мејлот итн. Не си ги прескокнувајте овие мали уживања.

3. Планирање

На овој начин не морате во иста секунда да и се препуштите на работата, што значи дека имате време мирно да си го испланирате работниот ден. Кога имате јасна листа на обврски, работата е поделотворна. Исто така сетете се дека сето тоа можете да го обавите мирно, без пречки од останатите колеги.

4. Шефот

Ако вашиот шеф го има истиот обичај, ќе имате идеална прилика да поразговарате со него очи во очи, во случај тоа да е потребно. Исто така, никогаш не знаете кога овој труд ќе ви се исплати, бидејќи, шефовите забележуват се.

5. Порано заминување

Можеби една од најголемите преднoсти на раното пристигнување е секако фактот дека сите работи ќе си ги завршите до службеното завршување на работното време, па нема да има потреба да се задржувате уште неколку часа или пак работата да ја однесете дома. Ова е голема предност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП