19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПадот на цената на нафтата ја скастри добивката на BP

Падот на цената на нафтата ја скастри добивката на BP

bp

Нафтениот гигант British Petroleum (BP) извести во вторникот за остар пад на добивката во првиот квартал од годината поради драматичниот пад на цената на нафтата.

Добивката на BP во наведениот период падна на 2,13 милијарди долари, од 3,5 милијарди остварени во истиот период лани.

Ваквиот резултат доаѓа во веме на неизвесност за нафтените компанија. Цената на нафтата во првото тромесечје изнесуваше во просек 55 долари за барел, што е двојно помалку во однос на цената на нафтата од пред една година.

„На резултатите од истражување и на производствто значително влијаеа пониските цени на нафтата и на гасот, послабиот маркетинг и продажбата на гас, како и трошоците од 375 милиони долари поврзани со откажувањето на договорите за двете платформи во Мексиканскиот залив“, објави BP.

Компанијата BP е прва од големите нафтени компании која ги објави деловните резултати за првиот квартал. Shell и Exxon Mobil своите извештаи ќе ги објават во четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП